речник контакт

Ќе остане ли Велес без питијадата?

На седум дена пред можниот рок за манифестацијата, крајно неизвесно дали годинава таа ќе се одржи

Петар Печков

Третата четврток од ноември, денот кога се запива младото вино, празник кај французите познат како Божуле, беше денот кој локалните власти го планираа за традиционалната питијадата. За овој ден се планираше заеднички да се обележи кога се започнува да се јаде питата пастрмалија и се пие младото вино. Но работите стојат во место и неизвесно е дали ќе се случи оваа манифестација, која беше бренд на градот.

Како општина имавме неколку средби со угостителите од Велес за одржување на годинашнава манифестација есенва. Со цел подобра соработка им понудивме простор, Младински или паркингот пред Судот. Им понудивме тезги, им понудивме гостин некој познат фолк пеач да ги забавува гостите и парите од продадените пити да ги задржат за себе. Тоа е многу повеќе од сите досега одржани питијади. Одоговор од велешките угостители да дојдат и на гостите им ги понудат нивната пита пастрмалија и да заработат, го нема – велат од општина Велес.

Во планот било на овој ден освен што ќе се започне да се јаде пити, да се нуди вино по пониски цени по повод Божуле ,за што имало интерес од велешките и други винарии.  Неофицијалните информации се дека в понеделник ќе биде последната средба со велешките угостители, по што ќе се знае ќе се одржи ли велешката питијада или ќе мораме да одиме во Штип на пастрамајлијада, иако досега во Велес се одржаа шест вакви манифестации  а гости доаѓаа многу дипломати, амбасадори, гости...

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »